← НАЗАД НА БОЗА

За здрав живот секој ден по една рака ореви!

За здрав живот секој ден по една рака ореви!
844 Читања

Оревите се извонреден извор на енергија. Иако содржат доста калории и масти, сепак тоа не треба да значи дека треба да ги избегнувате. Тие се полни со масти, но тоа се здрави масти кои му се потребни на организмот. Оревот има 60% маснотии, 15% протеини и само 13% јаглехидрати.

Оревот содржи голема количина на антиоксиданти, фолна киселина, витамини Ц и Е, елагинска киселина, калциум, магнезиум, железо и траги од цинк и селен.

Со редовно консумирање на оревите ќе го забрзате метаболизмот, ќе ја подобрите работата на срцето и белите дробови. Елагинската киселина ја намалува можноста за појава на рак, а аминокиселината помага во одржувањето на флексибилноста на артериите. Тие се одлични за справување со покачен холестерол.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk