Родителите се жестоки бидејќи имаат идеали. Тие сакаат децата да бидат такви какви што тие замислиле. Тие сакаат децата да им бидат богати, познати, ценети и респектирани. Тие сакаат децата да ги остварат нивните мечти. Да бидат нивното продолжение.
Родителите ги форсираат децата да ги исполнуваат нивните желби. Забораваат дека детето има свој живот, своја индивидуалност, свој пат на развој. Но родителите налагаат свои идеи. Тие мислат дека сакаат. Но ги сакаат сопствените амбиции. Го сакаат детето се дотогаш додека тоа представува инструмент или средство. Ете што е жестокост.
Така тие ги деформираат и кршат своите деца. Ако Бог им дал на тие деца некоја посебна дарба, родителите ќе ја угушат со наметнувањето на нивните амбиции.
Ако вие навистина го сакате детето, не му наметнувајте свои идеи. Чистата љубов не дава идеи, не проповеда идеологии. Чистата љубов знае да цени, длабоко. Не стојте на патот на детето. Не велете: Тоа е неправилно, ти не разбираш, немаш никакво искуство. Не се мешајте, ако го сакате дајте му го својот благослов. Дозволете само да ја најде својата вистина. Нека биде таков каков што сака да биде. И не спомнувајте за вашето животно искуство. Вашето искуство е ваше. Тоа што детето дошло на овој свет преку вас не значи дека треба да биде ваша копија. Не треба да ве имитира. Вие треба само да сте негова подршка кога му треба.
Дали родителите треба да одговараат за ваквите грешки? Не, јас мислам дека нема никаква смисла во тоа да бараш одговорност од нив. Тие самите страдале од своите родители. Потребно е разбирање.
Разбирањето на вистината трансформира. Разбирањето на вистината ослободува. Видете што сакаат од вас вашите родители. Нивните намери несомнено се добри. Тие би сакале да се среќни, но веројатно сеуште не знаат што е вистинска среќа. Тие имале добри намери – не треба да ги судите. Правеле се за вас!
