Убавина

Заблескајте со вистинската шминка

Шминката е најдобриот сојузник на жените, затоа што со вистинската шминка може да ги скриете своите недостатоци и да изгледате навистина фантастично. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да „заблескате“:

Помалку пудра: Ако вашата кожа изгледа безживотно, одговорот лежи во користење на помалку пудра, а не повеќе. Изберете кремаста формула која содржи честички кои ја рефлектираат светлината, па нанесете ја со прстите за целосно да се соедини со кожата. Штедете на пудра, нанесете ја само на брадата, челото, носот и образите.

Свиткајте ги трепките: Експертите се сложуваат дека најдобар начин да постигнете свеж изглед е да ги свиткате трепките со виткач на трепки, и тоа што е можно поблиску до самата основа. Доволно е да притиснете само еднаш за максимално извиткување.

Осветлете ги темните кругови околу очите: Течните коректори сеуште се најсигурниот начин како да ги осветлите подочњаците. Изберете кремаста формула за една или две нијанси посветла од вашата кожа (да не биде многу светла за да не изгледате како дух. Прекријте ги само темните делови и истапкајте ја пудрата наместо да ја мачкате.

Не заборавајте капки: Ако сакате да ги „отстраните“ подочњаците, ви откриваме една мала тајна. Натапкајте едно памучке со капки за нос, кои содржат оксиметазолин, кој го намалува црвенилото и надуеноста. Капките се особено ефективни доколку сте плачеле. Исто така ви советуваме да нанесете сенка во боја на праска или неутрална нијанса на сина, виолетова или зелена.

Напиши коментар