Убавина

Заблуди околу најголемиот женски непријател – целулитот…

Жените често се во заблуда кога е во прашање нивниот најголем непријател- целулитот. Често и се борат против него со погрешни средства, не знаат што го предизвикува и како да ја спречат неговата појава.

Целулитот најчесто се јавува на бедрата и задникот, но може да се јави и на стомакот, надлактиците и градите. Овој естетски проблем, почест е кај жените, иако може да се појави и кај мажите.

Прочитајте кои се најголемите заблуди околу „ портокаловата кожа “…

1. Слабите немаат целулит ? –  И витките жени можат да имаат целулит, особено доколку нивниоте мајки го имале истиот проблем.

2. Постојат фактори на кои не можете да им влијаете ? – Генетиката е главниот фактор. Хормоналните промени во бременоста, исто така се фактори на кои не можете да им влијаете. Избегнувајте чести диети или варирање на тежината. Пијте повеќе течности.

3.Сончањето може да го прикрие целулитот ? – Да, може да биде привремена камуфлажа, но кога бојата ќе падне, може да изгледа уште полошо бидејќи честото изложување на UV зраци ја оштетуваат и истенчуваат кожата, а со тоа, целулитот е повидлив.

4.Како да се ослободите од него ? – Губењето на тежината би било добра стратегија, но кај некои жени губењето килограми напротив, создава повеќе целулит. Најдобро би било редовно да вежбате и да се храните здраво.

5.Кремите делуваат ? – Кремите на база на ретинол помагаат во борбата со целулит, бидејќи ретинолот стимулира создавање на подебел слој кожа која ги прикрива грутките. Можат да помогнат и кремите богати со метилксантим. Билните креми кои содржат гинко и слатка детелина ја подобруваат циркулацијата, така што го ублажуваат овој проблем.

6.Масажите се привремено решение – Најчесто, целулитот се враќа после завршувањето на третманите. Липосукцијата, ласерите, радиобрановите и мезотерапијата се навистина скапи, а и резултатот од нив е привремен.

Напиши коментар