Motherhood

Забораваме ли често што ни е најважно???

Материјалните работи се создадени за да се користат. Луѓето – за да се сакаат.

Дозволуваме ли секојдневието и проблемите што тоа ги носи да влијае на нашиот однос кон саканите луѓе? Дозволуваме ли нашата нервоза да не спречи да се посветиме максимално на семејното огниште? Трошиме ли многу повеќе време размислувајќи над баналности отколку во давање љубов на нашите најмили? Текстот што следува е доста екстремен, но го избравме за пример кој јасно зборува каде е границата…

„Додека еден маж ја полирал својата нова кола, неговиот четири годишен син со камче  чкртал гребејќи од другата страна по колата. Во својот гнев мажот ја земал раката на детото и ја удирал толку многу пати…дури не забележал дека ја удира со алатот што го држел во своите раце. Гневот заслепува…и љубовта кон материалниот свет исто така…

Во болницата детето ги губи сите прсти на рачето, поради многубројните фрактури. Кога момчето го здогледува својот татко со солзи во очите го прашува: „Тато, кога ќе ми пораснат новите прстиња?“

Мажот опиен од болка, очаен, безгласен, се вратил кај својата нова кола и удирал, удирал…се додека силата не го напуштила. Поразен, стоел пред колата и гледал во чкртаниците на својот син. Детето напишало: „Тато те сакам!“

Следниот ден таткото извршил самоубиство…“

И гневот и љубовта немаат граници…Материјалните работи се за да бидат само употребувани од човекот, а не да се сакаат.

Проблемот во денешниов свет е фактот дека луѓето се искористуваат, а материјалните работи се сакаат.

Нека се обидеме секогаш да го помниме следново:

Внимавај со мислите, тие стануваат зборови,

Внимавај со зборовите, тие стануваат дела,

Внимавај со делата, тие стануваат навики,

Внимавај со навиките, тие стануваат карактер,

Внимавајте со карактерот, тој станува вашата судбина.

1 Comment

  1. donekade takov ni stana zivotot no mislam koj monstrum taka bi napravil na svoeto dete…se potresov dodeka citav,mislam nemoralo tolku da se preteruva

Reply To sneze Cancel Reply