Освен пцовките, постојат уште некои зборови кои можат да направат уште поголема неволја, доколку ги изговарате пред Вашите деца…
1. Мразам – Кога би било ставено во контекст на другарчињата од училиште, наставниците или роденденскиот подарок, „ мразам“ може да биде неверојатно болен збор.
2. Глупав – Еден од зборовите совршен за омаловажување, а децата навистина уживаат да го повторуваат.
3. Идиот – Дали е воопшто потребно да се напомене колку овој збор е навредлив ? Ако го немате исфрлено, крајно време е тоа да го сторите.
4. Геј – Освен ако Вашето дете не е доволно големо да зборува за хомосексуалноста, голема е веројатноста дека овој збор ќе биде употребен во потенцијално навредлив контекст.
5 .Губитник – Покрај се поголемата злоупотреба помеѓу децата, омаловажувањето на нечија самодоверба е нешто во кое Вие и Вашите деца не би требало да учествувате.
6. Заостанат – Исто така, збор кој директно укажува на омаловажување.
7. Заќути ! – Нека ова биде забранета фраза, со што би спречиле понатамошно прекумерено користење. Децата на предпубертетска возраст многу сакаат да ја употребуваат и тоа во незамисливи комбинации …
8. Непослушен – Кога на детето постојано му се зборува дека е непослушно, на него тоа влијае потполно демотивирачки. Како и да е, и возрасните баш и не сакаат да слушаат…
