Art & Crafts

Задолжителен кодекс за “зрели” девојки !!!

Соочувањето со зрелоста, за секоја девојка треба да претставува буквален чин…

Онаа старата „ Никогаш не сме престари за ништо “ понекогаш знае да биде само изговор…

Детството секако дека беше најубав период од животот… Но доаѓа нова фаза, во која секоја девојка станува жена… И навистина би требало да се справи со оваа улога… И да ги ИЗБЕГНУВА следниве нешта:

Да се облекува во розово од глава до пети – Ова е полошо дури и од панделка во косата… Не следете ги примерите на Парис Хилтон. Очигледно, таа не го разбрала ова правило.

Да зборува како синоќа се „ давела “ во алкохол – Помина времето кога можевте да бидете „ горди “ на анегдоти во кои другарката Ви ја држи главата додека повраќате. Сепак, оставете го тоа на тинејџерите кои синоќа испиле две пива, а денес ги мачи „ невиден мамурлак “.

Да користи web жаргони – Не!!! Навистина LOL и OMG не се во ред !!! Подобро искоментирајте „ hahaha“ под сликата која Ви е смешна… Најдобро, пробајте НАВИСТИНА да напишете коментар, критика, духовита реплика…

Да се обраќа на родителите со „ мами “, „ татичко “ – Ова повеќе звучи лигаво отколку симпатично.

Да се прашува дали момчето од средно е оној „вистинскиот “ – Не е !!! Ако сеуште постои таква можност почекајте десет години матура, таму повторно ќе го видите…

Да не користи крема за сончање – Сите ги знаеме ризиците иако во раниот период од младоста, тоа сме го игнорирале и сме си дозволувале да изгледаме како ракови… Дефинитивно не изгледа секси, признајте…

Да ги зборува речениците на Кери Бредшо како да се нејзини – Убаво е да ги обожавате, но не претерувајте… Сите ја гледавме серијата „ Сексот и градот “… Знаеме дека не се Ваши…

Да чува плишани мечиња на кревет – Жена која изгледа неодоливо секси, опкружена со мечиња ??? Чудно… Клучен збор овде е ЖЕНА. На жените секако дека им се препорачуваат играчки, но не плишани…

Да чувствува грижа на совест после мастурбирање – Крајно време е да се ослободите од предрасудите. Купете си вибратор и заборавете на грижите.

Да мисли дека животот е бајка – Работите нема секогаш да се одвиваат како што Вие сакате. Можеби нема да најдете некој кој ќе Ве третира како принцеза, можеби ќе Ве фрли на колена… Во овие години треба да имате јасна визија за она што го сакате. Не очекувајте дека ќе се појави добра вила која ќе ги реши сите Ваши проблеми.

Да носи мини здолниште кое едвај го покрива задникот – Ова правило не е толку врзано за годините колку за изгледот на Вашето тело. Може да изгледате вулгарно.

Да „ брка “ момци по клубови – Крајно време е да го преиспитате начинот на кој ги запознавате момчињата. Во дискитеките е мрачно, не можете ни нормално да разговарате. Може да Ви се случи утре да излезете на кафе со некој кој реално, не би го ни погледнале.

Да ги нарекува мажите момчиња – Од 25та година натаму, момчињата се нарекуваат МАЖИ… колку и да не се однесуваат така…

Да оди на концерт на „ Млади Бунтовници “ – Да се биде најверен фан на латино серијата од минатата деценија навистина е чудно…

Да го носи миленичето насекаде со себе – Најубаво од сé на светот е да ги сакате животните… Повторно ќе ја спомнеме Парис Хилтон – не следете ги нејзините примери.

Да се лигави, да е разгалена и да зборува како бебе –  „ Баш си фенси “ – Звучи ужасно !!! Со кого и да разговарате на ваков начин, престанете ВЕДНАШ.

Да решава квизови во тинејџерски списанија – Навистина не се некоја голема потреба или начин да дознаете или откриете нешто повеќе за Вас… Пронајдете се самите !!!

Да не толерира бламови – Не дозволувајте било што да Ве изненади. Ако случајно се враќате со некој фраер накај дома, осигурајте се дека не ги носите белите гаќички со зајчиња кои баба Ви ги купи за Велигден…

Да не доцни – Никаде… Сте имале доволно време да вежбате договарање… Купете си часовник и користете го.

Да бара од мама да ѝ уплати кредит – Ако повеќе не студирате, би требало да почнете да се осамостојувате и финансиски.

Да биде неинформирана – Убаво е што знаете до каде стојат работите помеѓу Бред и Анџелина, но ако некој ја спомне грчката криза, а Вие не знаете што се работи…Редно време е да го прелистате дневниот печат.

Да ги оговара другарките – Одберете ги вистинските пријатели и коректно однесувајте се со нив… Средното школо заврши !!!

Да биде„ заљубена“ во Џастин Бибер – Коментарите не се потребни…

Да живее од денес за утре – Редно време е за реализирање на посериозни планови.

Да не практикува безбеден секс – Причините се очигледни.

1 Comment

Write A Comment