ШоуБиз

Заљубената Скарлет Јохансон :)

Деновиве Скарлет Јохансон може да се забележи низ улиците на Њујорк како се шета со своето ново момче Нејт Нејлор. Тие немаат комплекс од новинарите и постојано се држат за раце каде и да одат, искажувајќи си нежности и убави зборови.

Пред неколку денови се сликани како уживаат во романтичен појадок, каде само една слика може да ви долови сè што не може да се објасни ниту со 1000 зборови.

По сè изгледа по многуте бурни врски со познати личности на Скарлет ѝ требаше некој не толку познат во јавноста, но близок до нејзиното срце. Нејт има 51 година, но за 27-годишната актерка тоа не е никаква пречка за нивната љубов. Инаку, Нејт е извршен маркетинг директор.

Напиши коментар