Убавина

Замки на популарните пролетни диети

Доаѓа пролет, период кога стануваме свесни дека одвај ги закопчуваме панталоните, па после првиот налет на паника, решаваме да се ставиме на диета.

Меѓутоа лекарите предупредуваат дека диетата е упатство кое треба да не води кон правилниот начин на исхрана и слабеење, а никако не е изгладнување и предизикување стресови на организмот.

Секоја диета подразбира одреден степен на гладување, заради кој на почетокот организмот се „буни“, бидејќи е навикнат на внесување поголемо количество на храна. Но кога вагата ќе покаже дека сте ослабнале 4 килограми, реално сте ослабнале само 1, бидејќи повеќето диети се на база на течности, па во организмот доминира вода. Кога ќе прекинеме со диетата, повторно се јавува потребата за храна и се враќаме на старата тежина.

Младите луѓе наместо ригорозни диети треба да бидат физички активни и да внимаваат на храната, односно да јадат три оброци во размак од 5 часа, па помеѓу нив да јадат лесна ужина.

При внесувањето на оброците наполнете ја чинијата само до цртата, таа не е само за dекорација, туку го означува количеството на оптимална порција. Исто така храната треба да ја базирате претежно на зеленчук, но она што диетите не го кажуваат, а е тајната на трајното слабеење, е фактот дека одвреме навреме треба да  внесете и калоричен и мрсен оброк. Така вашето тело нема да заборави на мрсната храна, а ќе ја оддржите функцијата на жолчното ќесе, кое за време на диетите забавено работи.

Уште една замка на диетите е дека тие пропишуваат време во кое треба да јадете, на пример во 10 часот треба да е појадокот, во 15 часот ручекот и сл. Ова е добар план, но само доколку вашиот метаболизам е навикнат секојдневно да станува во 8 часот наутро. Доколку имате друг начин на живот, односно станувате подоцна или порано, прилагодете го времето на внесување на оброците на оптималното ниво за вас.

Напиши коментар