Дестинации

Замокот Pierrefonds – идилата од ТВ серијата „ Мерлин“

Оние кои ја следат серијата „ Мерлин “ на BBC,  и кои се запознати со главниот јунак Колин Морган, знаат за што станува збор. Всушност повеќето кои мислеа дека замокот е само импровизиран сет, се грешка. Овде сме да ги изнесеме фактите за замокот кој навистина постои во реалноста и плени со неговата убавина.

Замокот се наоѓа во северниот дел на Париз, поточно во шумата Compeigne. Неговата оригиналност беше повеќе од доволна за Артуријанската легенда. Сепак, замокот си има своја историја, која BBC успева делумно да ја пренесе на малите екрани.

Ова место, низ историјата, било омилена дестинација на познатите. Така, последниот крал на Франција, Луј Филип, во него има приредено банкет, во чест на бракот на неговата ќерка. Замокот е изготвен од страна на уметникот Коро. Дури и Наполеон ll во 1850 година бил во посета на ова место и бил воодушевен од романтичната  приказна која се крие овде.

Се надевавме дека Ви дадовме доволна инспирација да го посетите ова место или за почеток, да почнете да ја следите серијата, која е навистина интересна.

Напиши коментар