Убавина

Занимливости кои би ѝ значеле на секоја ДАМА !!!

* Дали знаевте дека доколку куклите од излозите би биле вистински жени, тие би биле преслаби за раѓање деца ?

* Кога  Barbie би била вистинска жена, би морала да оди на четири нозе, бидејќи со оглед на нејзините пропорции, таа не би можела да стои исправено.

* Мерилин Монро носела конфекциски број 42. Земете во предвид дека конфекциските големини во последните години претрпеа огромни промени. Тогашната големина 42, е денешна 44. Мерилин Монро беше секс симбол и никогаш никој од нас нема кажано „ Ама е дебела оваа “.

* Просечната жена има околу 66 килограми.

* Фотографиите на моделите во списанијата се обработувани… значи, ни тие не се совршени.

* Спроведено испитување покажало дека после 3 минути читање моден магазин, 70 % од жените се чувствуваат депресивно

* Пред 20 години, моделите имале 8% помалку килограми од просечната жена. Денес, имаат 23 %.

* Еден професор по англиски јазик на таблата напишал „ woman without her man is nothing “.

Тогаш, им дал задача на своите ученици, да вметнат интерпункциски знаци.

Машките напишале : „ woman, without her man, is nothing “.

Девојките : „ woman ! without her, man is nothing “.

Едноставно, само мал знак може да ја смени целата смисла…

Напиши коментар