ШоуБиз

Започна нова естрадна војна

Јелена Карлеуша и Наташа Бквалац на двобој. Ова би можело да биде секси глетка. Но, во реалноста е нешто сосема поинаку. Јелена Карлеуша ја започна војната со наташа Беквалац. А причината е зошто си купиле исти чизмички.

Двете српски пејачки веќе го снимале своето гостување во една позната емисија. Но, најпрво ќе биде пуштена емисијата во која гостува Наташа Беквалац. Проблемот на Јелена и е тоа што тие носеле исти чизми, а затоа што најпрво ќе се пушти емисијата со Наташа, луѓето би можеле да помислат дека Јелена ја копира Наташа. Оваа детска, и помалку глупава причина сега ги полни страните на жолтиот печат, а Јелена остава и слики како доказен материјал на својата фејсбук страна. Среќа што Наташа не дава никаков одговор инаку ќе бидеме приморани да ја следиме приказната за истите чизмички.

Напиши коментар