ШоуБиз

Започна турнејата на Madonna!

Кралицата на поп музиката Madonna, ја започна деветата по ред светска турнеја со наслов „M.D.N.A“, на која го промовира 12-тиот студиски албум. Турнејата започна во престолнината на Израел, Тел Авив, а веќе утре и задутре Madonna ќе одржи концерти во Обединетите Арапски Емирати.

Засега се закажани 84 настапи во Азија, Европа и Америка. Последниот настап е закажан за 22-ри Декември во Аргентина. Досега е откажан само еден концерт и тоа во Загреб.

Ако треба да судиме по фотографиите од настапот, Madonna уште еднаш си поигрува со верските симболи, па не се исклучува можноста да помине како Lady Gaga во Индонезија и на Филипините.

Ова се фотки од првиот настап во Тел Авив:

Write A Comment