Малку од нас го сакаат утрото. Важно е да имате на ум дека денот ќе ви биде онаков како што ќе го започнете. Еве неколку идеи кои ќе ви помогнат.
Рано утро
Наместете го алармот да ѕвони многу порано. Утринскиот воздух е свеж и ќе ви ја истера мрзата. Ќе имате повеќе време да се подготвите за денот што претстои. Ќе имате време и за појадок и да уживате во кафето. И нема премногу да брзате.
Храна за дух и тело
Добрата храна може да ви го разбуди мозокот. Направете неделен план за појадок и нека биде разновиден. Овошен сок, суво овошје, мед, бадеми, житарки, јајца, јогурт, чај, млеко.
Испотете се
Утрото е најдоброто време за вежбање. Но внимавајте да не се преморите. Денот е долг. Можете да се занимавате со јога или едноставни вежби за истегнување.
Ладен туш
Застанете по тушот и шокирајте се со ладна вода. Ако не можете, тогаш избегнете многу врела вода бидејќи уште повеќе ќе ве успие.
Утринска доза хумор
Има ли нешто поубаво од утринско кафе и малку смеа? Направете си топол напиток и прелистајте ги весниците или некои интернет портали и побарајте забавни вести, карикатури, вицови.
Реприза
Доколку го следевте советот за рано будење, можете да ги погледнете репризите на омилените хумористични серии или сапуници. И тоа ќе ви го подигне расположението. Или можеби некоја тв програма со утрински вежби. Избегнувајте вести. Не е убаво денот да го почнете со вести за несреќи, војни, земјотреси..