Здраво тело

Започнете го денот со десерт ако сакате да ослабете

Стигнуваат добри вести за оние кои се на диета: слатко за појадок може да ви помогне да ги изгубите килограмите.

Научниците направиле едно истражување во кое вклучиле 200 возрасни особи. Ги поделиле во две групи и на двете групи им било дадено задолжение да држат нискокалорични диети. Иако диетите дозволувале внес на 1600 калории  (за мажи) и 1400 калории ( за жени) во текот на денот, едната диета имала богат појадок со слатки, а на другата група и бил даван десертот нешто покасно во текот на денот.

Научниците утврдиле дека на оние особи на кои им бил даван богат појадок со слатки им било полесно да го издржат остатокот од денот, отколку на оние кои јаделе појадок без благо.

Добро е наутро да го јадете слаткото, тоа ќе ве засити, ќе ја задоволите потребата за слатки, а и ќе го истрошите тоа во текот на денот со било какви активности.

 

Напиши коментар