ШоуБиз

Запознајте ја огнената J Lo!

Прекрасна и неодолива како и секогаш!

Пролетта доаѓа, а како поинаку да се подготвиме и загрееме за убавото време ако не со ваква убавица како Jennifer Lopez. Таа на голема радост на своите фанови ќе се најде на насловната страна на априлското издание на списанието „Vogue“.

Облечена во црвен, сатенски фустан, J Lo е едноставно прекрасна и не постои друга личност која на таков сензибилен начин би ја доловила магијата и сексапилноста на црвената боја.

Да се надеваме дека во едиторијалот ќе има уште слики од пејачката и ќе можеме да го видиме како изгледа целиот фустан.

Дали вам ви се допаѓа?

Напиши коментар