ШоуБиз

Запознајте се со сестрата на Бијонсе!

Нејзината постара сестра Бијонсе е на широко позната по фантастичните облини. Но, и помладата сестра Соланж покажала завидна фигура кога се појавила на модната писта на Миланската модна недела.

25-годишната Ноулс чекорела по пистата рамо до рамо со Амбер Ле Бон, ќерката на фронтменот на групата Дјуран Дјуран, како и со неговата жена Јасмин Ле Бон.

Соланж носела долг, свилен фустан без ракави кој дополнително го акцентирал нејзиниот задник и колкови. Косата ѝ била со едноставен афро изглед, а црвен кармин го комплетирал обичниот, но шик изглед. Во понеделникот, по раѓањето на бебето на Бијонсе и Џеј Зи таа напишала на Твитер:

–          Најубавото девојче на светот. А, малку подоцна: „Значи, вакво е чувството да си тетка.“

Соланж, инаку, има 7-годишен син.

Напиши коментар