man fashion

Зара ја објави априлската колекција

Веќе како да им стана обичај на големите брендови да прават колекции наменети за одреден месец. Ја направија мартовската, а сега Зара ја покажа и априлската колекција за елегантните мажи.

Парчињата облека се во склад со времето, ленени и памучни панталони, сакоа искомбинирани со шарени маички или обични памучни кошули.

За оние поекстремните кои сакаат да бидат впечатливи Зара спреми и ултра шарени панталони и маички кои никако не смеете да ги носите во исто време. Секогаш комбинирајте ги со парче еднобојна облека.

Напиши коментар