Едноставно, чисто, во смирувачки нијанси од природни материјали. Вака изгледа колекцијата на Зара која е наменета за мажите кои ја сакаат комбинацијата од елеганција и лежерност. Ова е еден дел од колекцијата која е успешно направена како комбинација од елегантниот и кежуал стилот. Одлично одговара за на работа, за дневните прошетки, за вечерните излегувања, па дури и за свечените пригоди.




