Убавина

Засекогаш решете ги проблемите со мрсна коса

Проблемот со масна коса е чест проблем кај многу девојки. Доколку сте пробале милион средства со надеж дека ќе ви помогнат, а не помогнале, ние ви претставуваме неколку совети и трикови за тоа како на наједноставен начин да го решите проблемот со мрсна коса. Вие одлучете дали ќе ги испробате.

Користите фарба – Фарбите за коса содржат хемикалии кои ја подигаат косата од кожата на главата. Со тоа се отежнува маснотијата да делува по целата коса. Фризерите се едногласни доколку ја фарбате косата, вашата коса потешко ќе се мрси.

Оцет – пробајте да ја измиете вашата коса со оцет. Помешајте мала количина на оцет и вода и со таа мешавина исплакнете ја косата по миењето. Исто така може да користите зелен чај или чај од коприва доколку се плашите од незгодниот мирис на оцетот( мирисот од оцетот исчезнува за 2 до 3 часа)

Виткајте ја косата –  Рамна коса значи дека маснотијата од скалпот полесно ќе се рашири на целата коса, но доколку вашата коса е виткана маснотијата потешко се шири.

Детска пудра или какао –  Доколку ставите пудра или какао по коренот на косата и ја распоредите по целата должина на косата, тие ќе ја впијат сета мрснотија. Пудрата користетe ја ако имате светла коса а какаото ако имате темна коса.

Напиши коментар