Ријана одсекогаш зборуваше за нејзината блискост со баба и. Многу празници, родендени, одмори одбра да помине во нејзино друштво. Кога почина, Ријана ја прекина турнејата и се повлече во длабока тага. Сега по извесен период Ријана се реши да стави една тетоважа плус на своето тело, која е ставена во чест на нејзината баба.
Вака изгледа тетоважата на РиРи. Таа самата се сликаше и ја покажа на своите фанови преку Твитер.

Инаку ова не е прва тетоважа на Ријана. Таа има веќе неколку, а секоја тетоважа има посебно значење и се однесува на секој убав момент од нејзиниот живот.


