Убавина

Заштедете пари – не правете непотребни трошоци за разубавување !!!

Размислете колку долго во Вашиот тоалетен ормар имате  препарати кои многу ретко ги користите, а за нив сте потрошиле цело мало богатство. Рекламите многу лесно можат да Ве залажат и да Ви продадат нешто што воопшто не е потребно. Еве листа на козметички препарати кои доколку ќе ги исфрлите од корпата за купување, ќе заштедите многу пари… а и нерви.

Крем против целулит

Не постои лосион, крем или пена кои можат да Ви помогнат да го отстраните целулитот. Целулитот е последица на начинот на исхраната, и најдобро е против него да се борите со пиење на големи количини вода, вежбање и домашни третмани против целулит… ги има многу, но и многу поефикасни од скапите креми против целулит.

Производи за „заздравување“ на оштетена коса и испукани врвови

Оштетените и испукани врвови не можат да се „поправат“, можат само моментно да се прикријат, но тоа не е долготрајно решение. Ни најскапиот производ кој тврди дека ќе Ви го реши проблемот,  не може да ја регенерира штетата која сте и ја нанеле на косата со пеглањето, фенирањето и кадрењето. Единствен начин на кој можете да се ослободите од нив е шишањето.

Маски за стопала

Исто така и тоа е некорисен производ. Ако сакате убави и мазни петици и стопала, педикирот е најдоброто решение. Истругајте ја оштетената кожа и редовно мачкајте ги со масни кремови, Кремовите без тргање на вишикот кожа од стапалата немаат никаков ефект.

Маски за лице

Иако купечките маски за лице убаво мирисаат и кожата по нивната употреба е мазна, има многу малку докази за нивното благотворно дејство. Најдобро што можете да сторите за кожата на Вашето лице е да направите природна домашна маска од Вашата кујна.

Напиши коментар