Убавина

Заштитете ги усните со путер и црн чај

Путер и вреќичка црн чај ја враќаат потребната влага на усните, долготрајните и мат кармини ги сушат, а најдобри се балзамите со Витамин Е кои штитат од зима и студ…

Заедно со лицето, усните се најизложени на зимските студови. Со малку внимание, сочувајте го здравиот и добар изглед на Вашите усни:

1. Користете балзам за усни со природни состојки како Витаминот Е, бидејќи ја хидратизира  кожата и ја штити од ниските температури и ветрови.

2.Кожата на усните пред нанесувањето кармин хидратизирајте ја со балзам. Избегнувајте ги долготрајните и мат кармини кои ги сушат усните.

3.Немојте да ги гризете усните, особено додека сте надвор, за да ја избегнете појавата на болни  ранички.

4.Кратко масирајте ги усните со растопен путер секој ден пред спиење. Така ќе ги нахраните и ќе им ја вратите потребната влажност.

5.Црниот чај помага усните да ја задржат нивната влажност и мекост. Ставете топла вреќичка црн чај на усните, држете 3-4 минути и немојте да ги исплакнете усните.

6. Барем еднаш неделно правете пилинг на усните со што ќе ги отстраните мртвите клетки на кожата.

Направете природно средство за пилинг. Во сад додадете две лажици маслиново масло, две лажици мед  и лажица овесни снегулки. Смесата нанесете ја на усните и нежно масирајте околу половина минута. Оставете го тоа да делува околу пет минути и после тоа измијте се.

Напиши коментар