ШоуБиз

Зашто плаче малава? :)

Ќерката на Оскаровецот Tom Cruise и актерката Katie Holmes била фатена од папараците како неутешно плаче додека била во друштво на својата мајка, која за жал никако не успеала да ја утеши малата принцеза.

Излегувајќи од ресторанот каде двете заедно јаделе, актерката ја држела ќерката за рака, а Suri неутешно плачела, криејќи го лицето од фотографите.

По сѐ изледа девојчето истурило врз себе нешто во ресторанот, бидејќи на своето фустанче имала огромна дамка. Мајката не излгедала многу потресено од плачот на детето, па само продолжиле да ги игнорираат купот папараци кои ги следеле.

Изгледа на Katie ова ѝ е секојдневие со разгалената ќерка.

Напиши коментар