ШоуБиз

Заспал на сред вести и тоа во BBC!

Милиони гледачи кои ја следат утринската програма на вестите на познатата телевизија BBC, вчера утро имале ретка глетка на заспаниот 50-годишен водител Simon McCoy. Во точно 8 часот и 26 минути камерата го фатила водителот со главата на маса, а потоа изненадно се разбудил.

Неговата колешка, спикерката Martine Croxall малку подоцна се нашалила преку Твитер и напишала:

–          Интравенозмо му ставивме кофеин на колегата Simon McCoy. Со него не постои такво нешто како „смена без инциденти“.

Инаку, спикерот досега веќе многу пати ја има забавувано британската јавност со своите гафови и грешки.

Напиши коментар