Prison brake

Затворот од каде никој не сака да побегне

Престижниот “Њујорк Тајмс“ направи репортажа за венецуелскиот затвор “Сан Антонио“ кој од надвор делува како и секој друг затвор.

Меѓутоа, затворот кој се наоѓа на островот Маргарита е место од каде затворениците, според нивните признанија, ретко кој сака да избега.

Американските новинари известуваат дека вооружените чувари ги набљудуваат заторениците и посетителите само кога ќе влезат во затворот, но внатре ве чека гласна музика, девојки во бикини и мирис на марихуана во воздухот.

Затворениците се и сами “вооружени“ но со лап топ компјутери, мобилни телефони, кои преку нив лесно организираат убиства или киднапирања.

Поголемиот број 2000 затвореници порано се занимавале со трговија на дрога, но зад ѕидовите на “Сан Антонио“ само си ја продолжиле работата. Затоворот е познат како место за забава, каде посетителите можат слободно да си купат лесни дроги. Чуварите ги претресуваат луѓето само кога влегуваат во затворот, но не и на излезот. Покрај ова, затворениците организираат и борба со петли. Ќелиите се опремени со клима уреди, сателитски антени, а децата на осудените затовореници се бањаат во отворените базени. Затворениците изјавиле дека сето тоа го направиле со свои пари, а нивни лидер е Теофило Родригез, познат како Зајакот.

Брачните посети се дозволени, но и покрај тоа што женскиот затвор е одвоен со ѕид, сите се измешале, па многу од нив започнале и љубовни врски.

 

Напиши коментар