ШоуБиз

Заврши љубовта која траеше 14 години!

Актерскиот пар Џони Деп и Ванеса Паради се разведоа по 14 години силна љубов.

“Точно е дека тие пријателски се разведоа, и нема зошто да го коментираат разводот”, изјавил портпаролот на парот.

Џони, 49, и Ванеса, 39, беа во љубовна врска 14 години. Имаат две деца, тринаесет годишната Лили Роуз и девет годишниот Џек.

Причината за разводот се смета дека е неверството на Џони, за кој се потврди дека е во врска со актерката Амбер Херд.

Џони и Ванеса заедно се тешки 300 милиони долари, и сега за сега не се знае како ќе се подели нивното богатство.

Напиши коментар