Оние кои имаат сува кожа мака мачат кога ќе дојдат ладните денови, кога кожата станува се почувствителна. За да ви помогнеме ви нудиме еден рецепт со кој ќе го реште проблемот.
Направете самио екстракт од масло од камилица. Со него мачкајте ги сувите делови од кожата. Може да го употребувате буквално за целото тело, невозмошно де да се појави несакана реакција. Освен тоа што ќе и даде влага на кожата ќе ги смири и воспаленијата.
Начин на подготовка:
Десет грама суви цветови од камилица прелијте ги со 40 мл маслиново масло. Ставете ги во шише и оставете го три седмици во топла просторија. Потоа процедете го и чувајте го на темно место. Овој екстракт може да го користите за сувите испукани раце, за сувите пети, за кожата на лицето, за нега на усните, за да ја отстраните шминката…