Celebrity

Збогум за дуото „Outcast“

Андре 3000 откри за медиумите дека тој и Биг Бои не планираат да продолжат со соработката. Панк и хип хоп дуото „Outcast“ последно беше активно при снимањето на саундтракот за филмот „Idlewild“ во 2006 година. Сега, пејачот на легендарната песна „Hey Ya“ открива дека тоа всушност била нивната „лебедова песна“.

–          Читам статии во кои пишува дека подготвуваме нов албум, но тоа не е вистина – нема ни албум, ниту пак планови за негово снимање, – изјавил Андре.

–          Има премногу музика на хоризонтот и уживам во музиката на некои нови уметници што се појавија на сцената. Имав привилегија некои од тие луѓе да ми се јават и да ми кажат дека би сакале да соработуваат со мене. Ги прифаќав тие понуди и тоа ме одржува во живот.

Тој најверојатно ќе објави соло албум оваа година, а засега не знае што ќе се случи со иднината на „Outcast“.

Напиши коментар