Здраво тело

Неопходна е мотивација и план за успешно слабеење!

Пред да се одлучите за диета, потребен Ви е план со кој на најлесен начин ќе ги загубите вишокот килограми. Бидејќи, самата диета понекогаш не е доволна.

Масното ткиво секојдневно, неприметно се наталожува….Се додека не дојде моментот кога забележувате дека Вашите панталони,градникот или кошулата не можат да се закопчат. Не Ви сугерираме капитулација и купување гардероба !  Ви претставуваме 7 чекори со кои ќе се стопат и најупорните масни наслаги, на брз и здрав начин.

1. Цврста одлука да ослабнете ! –  Одложувањето е најдобар пријател на секое масно ткиво. Да се има во предвид, да се планира и да се зборува на таа тема не е исто со фактот да се одлучи и да се направи конкретен план. Дали конечно вистински одлучивте ?

2.Напишете на хартија! – Напишете што конкретно ќе превземате. На пример: „ Секое утро ќе станувам половина час порано и ќе вежбам“ или „ ќе одам пеш на работа“, „ нема да јадам после 19 часот“, “ нема да јадам повеќе од едно парче леб“, „ нема да изедам повеќе од три коцки чоколадо, или повеќе од една топка сладолед“. Составете свој сопствен план на исхрана или побарајте некој кој го сметате за соодветен. Како и да е, сето тоа имајте го на хартија. Одвојте доволно време за пишување и направете конкретен распоред.

3. Составете музичка листа! – Ако веќе немате, набавете уред со кој ќе ги слушате Вашите омилени песни кои ќе Ве стимулираат на вежбање ( за почеток направете плејлиста со добра брза музика). За да го стопите салото морате брзо да одите, да трчате, да возите велосипед…Музиката многу ќе Ви помогне.

4.Важно е ЗОШТО ?-  Губењето на вишокот килограми ќе помогне на Вашиот ’рбет, на црниот дроб, колената, срцето, мозокот и сите други органи. Ќе станете поподвижни! Поубаво ќе изгледате, ќе купувате поубава облека и поубаво ќе се чувствувате…Напишете ги своите причини и секојдневно потсетувајте се на нив.

5.Целта не ги оправдува средствата ! – Повраќањето, гладувањето и земањето таблети кои го забрзуваат метаболизмот, пушењето и другите крајно нездрави начини за слабеење, само ќе ве доведат проблеми, во споредба со кои дебелината е само едно „мало бебе“. Сепак…држете се подалеку од овие „ генијални идеи“.

6.Водете дневник ! – Купете убав бележник и водете дневник во кој секојдневно ќе запишувате колку и  што сте јаделе, колку сте вежбале, како се чувствувате и дека вреди да се продолжи иако неколку дена не сте се придржувале.

7.Најдете „ спонзор“ !- Ова не е неопходно, но може да помогне. Најдете пријател или член од семејството кој ќе го поддржува Вашиот зафат. Тоа мора да биде личност која ќе Ве мотивира а повремено и ќе ја контролира Вашата „работа“. Ако се откаже, најдете друг. Важно е Вие да не се откажете.

Ако се придржувате кон напишаното…преостанува само да УСПЕЕТЕ !

Напиши коментар