Убавина

Здрава коса во неколку чекори

Доколку забележите дека вашата коса нема волумен и густина како порано, значи дојде времето да почнете да водите сметка за исхраната.

Како можни причини за лошата состојба на вашата коса, односно опаѓањето, многумина тоа го поврзуваат со диетите и лошиот избор на исхраната која секојдневно се внесува во организмот.

Прв чекор кој треба да го направите е да почнете да јадете храна богата со протеини, се препорачува, јајца, риба, нискокалорично (помалку масно) сирење, но избегнувајте секаков вид на месо.

Освен со исхрана на косата можете да и помогнете и со дополнителен внес на витамини во капсули. На секој вид коса најповеќе и годи витаминот Б, сите видови аминокиселини, но треба да се внимава со внесот на витаминот А, бидејќи поголема количина од истиот може да предизвика и опаѓање на косата.

За поголем волумен на косата морате да ја подобрите циркулацијата на скалпот на главата. Тоа направате го со редовно четкање на косата со четка од природни влакна. На тој начин природниот маснотија на косата. Се препорачува вечерна масажа со околу 100 поминувања на четката низ вашата коса. Исто така се препорачува еднаш до два пати по 5 минутна масажа со прстите по скалпот на главата.

Напиши коментар