Здраво тело

Здрави нокти – здраво тело !!!

Маникирот треба да биде Ваш бонус, не нешто што Ви е неопходно и нешто од кое сте зависни…

Многу стручњаци се согласуваат за фактот дека здравите нокти се одраз на здравото тело. Значи, ако сте забележале некои промени на нив, тоа укажува на недостаток на одредени витамини. Следнава листа на витамини ќе Ви помогне да разберете што му е потребно на Вашиот организам, што треба да вратите во Вашата исхрана, а истовремено Вашите нокти да бидат здрави и цврсти.

1. Железо – кршливите нокти најчесто укажуваат на недостаток на железо. Во исхраната внесете повеќе црвено месо и зелен лиснат зеленчук.

2.Цинк – белите дамки на ноктите, односно нивниот послаб раст укажува на недостаток на цинк. Намирници кои содржат цинк се: темното чоколадо, кикириките, немасното месо, морските плодови, сојата…

3.В – 12 – Изразено сувите нокти и потемните дамки укажуваат на недостаток на витаминот В – 12. Овие витамини освен во капсулите можат да се најдат и во производите од животинско потекло, млечните производи, јајцата и рибата.

Освен горенаведеното, погрижете се да внесете доволно количество течности и редовно мачкајте ги рацете со крем.

Напиши коментар