Здраво тело

Здрави сме покрај море

Лицата кои живеат покрај море се чувствуваат поздрави во однос на остатокот на населението, се резултатите од истражувањето кое било спроведено во Британија.

Научниците тоа го објаснуваат со пониската изложеност на стрес и повисока стапка на физичка активност кај лицата кои живеат покрај крајбрежјата.

Во истражувањето спроведено на Универзитетот во Ексетер, користени се податоци за 48 милиони жители од Англија.

Се покажало дека во просек најдобро здравје имаат испитаниците кои живееле во близина на крајбрежјата.

Напиши коментар