Здраво тело

Здравствените предности на лимонадата

Нема ништо подобро од чаша лимонада доколку сакате да се освежите во летните денови. Освен добриот вкус и опуштањето, чашата лимонада ќе ви пружи и многу здравствени бенефити.

Добра е за желудникот

Лимонот ќе ви помогне да се ослободите од многу проблеми при варењето на храната, особено ако го измешате со топла вода. Пиењето на лимонада ќе ви го реши проблемот со нередовна столица, а исто така и ќе ви ги прочисти цревата.

Лимонот е одличен за нега на кожата

Како природен антисептик, може да излечи многу проблеми врзани со вашата кожа. Лимонот е богат со витамин Ц кој ја подмладува вашата кожа одвнатре и однадвор. Лимонадата делува како средство против стареење.

Помага во оралната хигиена

Лимонот се користи и за хигиена на забите. Доколку имате болка во забот само држете сок од лимон на тоа место, болката ќе се намали.

Ги лечи инфекциите на грлото

Лимонот е одлично овошје кое помага во борба со инфекциите на грлото, ангина, бидејќи има антибактериско дејство.

Добра е за слабеење

Една од многуте предности на лимонадата е тоа што може да ви помогне во слабеењето. Ако пиете лимонада, направена со млака вода и мед, сигурно ќе ја намалите својата тежина.

Го контролира високиот крвен притисок

Лимонадата прави чуда со високиот крвен притисок. Таа може да помогне и при вртоглавица, мачнина и го опушта телото и умот. Го намалува психичкиот стрес и депресијата.

Напиши коментар