Мојата кујна

Зелена пица

Сте пробале ли малку поинаква пица, во која главните состојки се спанаќ и сирење?

Потребни состојки:

–      тесто за пица

–      една шолја павлака

–      3 лажици брашно

–      200 гр печурки

–      3 шолји спанаќ

–      половина лажичка сушен босилок

–      сирење

–      оригано

–      лук

–      сол и бибер

Измешајте ги павлаката и брашното на тивок оган. Кога ќе се згусне тргнете ги од оган и премачкајте го тестото со оваа смеса. Одозгора изрендајте сирење. Во друг сад пропржете го лукот со печурките, па додајте го сецканиот спанаќ. Мешајте постојано. Додајте го сувиот босилок и тргнете ја тавата од оган. Ставете ја смесата на пицата. Ставете оригано и нека се пече 10 минути.

Пријатен ручек!

Напиши коментар