Убавина

Зелена салата – за блескава коса и и мека кожа

Зелената салата не е само здраво предјадење или додаток на оброк. Многумина не знаат дека изобилува со витамин С и лактуин, т.е. дека има големо влијание и за козметички потреби. Верувале или не, нејзините богати својства благотворно влијаат на сјајот на косата и убавината на кожата.

Лосион за кожа

Исчистете ги лисјата од салатата и насецкајте ги. Прелијте ја салатата со вода и оставете ја половина час. Потоа, сето тоа испасирајте го во блендер, со што ќе добиете густа смеса. Додајде лажица хранлив крем, добро помешајте и исцедете. Овој лосион може да го искористите за отстранување шминка или пред нанесување крем за лице, а резултатите ќе бидат- мазна и затегната кожа…
Топла маска

Сечете лимон на половина, така што едната половина ќе ја исцедите на Вашето лице. Исчистените лисја од зелена салата прелијте ги со топла вода и оставете ги да се оладат. Додека се топли, ставете ги на лицето, вратот и деколтето. Оставете ги да одстојат петнаесеттина минути, а потоа отстранете ги и измијте се со млака вода. На крајот, измасирајте ја кожата со хидратантна крема.

Напиши коментар