Здраво тело

Зелената салата ги топи килограмите и го чува срцето

Кога оброкот ќе го започнете или ќе го збогатите со зелена салата може да бидете сигурни дека сте го заштитиле срцето и ги топите килограмите. Зелената салата има исклучително ниска калорична вредност, во 100 гр има само 15 калории.

Зелената салата е голем извор на бета каротен, фолна киселина, витамин Ц. На тоа се надоврзуваат многу влакна, кои се неопходни за системот за варење. Салатата обилува со минерали како што се калциум, железо, магнезиум, јод и бакар.

Витаминот Ц и бета каротенот ја спречуваат оксидацијата на холестеролот. А добро знаеме дека оксидираниот холестерол е леплив за крвните садови. А кога ќе се наталожи во деле слој предизвикува запушување на крвните садови, што резултира со срцев и мозочен удар.

Секако треба да знаете дека што се листовите потемно зелени толку салата е побогата со витамините А и Ц.

Напиши коментар