Убавина

Зелено светло за торти и колачи…

Намалете ги килограмите, јадете торти и колачи.

Ако десертот е дел од избалансираниот појадок од 600 калории кој содржи протеини и јаглехидрати, тој може да ја ублажи желбата за благо во текот од денот, а истовремено да помогне и во губењето килограми и во одржувањето на телесната маса.

Истражувањето траело осум месеци, а резултатите покажале дека испитаниците кои консумирале торти и колачи за време на појадокот, во просек изгубиле за  18 килограми повеќе во споредба со испитаниците за кои истите биле забранети.

Авторите на истражувањето утврдиле дека обидот за потполно избегнување на благо за време на слабеењето може да доведе до непосакуван ефект- психолошка зависност од таква храна.

Исто така, истражувачите истакнуваат и дека рестриктивните диети кои го ограничуваат внесот на јаглехидрати и благо, доведуваат до брзо откажување.

Напиши коментар