Здраво тело

Зелка – рудник на здравје

Зелката е одличен извор на витамините К и Ц. Во само една шолја сок од свежо исцедена зелка има 91 процент од дневната потребна количина на витаминот К и 50% од витаминот Ц. Освен овие витамини, зелката содржи добра количина на влакна, манган, витамин Б6, фолна киселина и има само 33 калории. Зелката нуди 11% повеќе витамин Ц од портокалот.

Со внесувањето на зелка во организмот вие се штитите од: рак на дебело црево, градите, јајниците и мочниот меур.

Во кинеската медицина зелката се користи при настинки, грип, запек, депресија, чир на желудникот. Со ова се сложуваат бројни научници. Само со една чаша сок од зелка на гладно вие ќе си помогнете со проблемите со желудникот.

Зелката помага и кај проширените или запушени вени. Во таков случај ставајте облоги од свежи листови зелка.

Во борба со бронхитисот зелката ќе ви биде одличен сојузник. Особено црвената зелка може да помогне многу, само ставете неколку листови на местото каде чувствувате болка зацврстете ги со завој и преспијте со нив.

Напиши коментар