Здраво тело

Жалфија – најпознатиот домашен лек

Оваа миризлива билка денес се користи како природен лек за многу здравствени компликации. Цветовите и листовите од жалфија од минатото се користат како лек. Легендата вели дека жалфијата го продолжува животниот век, а и го подобрува помнењето кај старите лица.

Жалфијата е најдобар домашен лек за проблеми со непцата. Ако чувствувате надуеност, пролив, воспаленија на цревата, нередовна столица, напијте се чај од жалфија.

Жалфијата го регулира потењето, нивото на шеќер во крвта, ги ублажува менструалните тегоби и помага во спречување на симптомите на менопауза, го ублажува кашлањето…

Како да го подготвите чајот од жалфија?

Листовите од жалфија, 2-3 лажици прелијте ги со 3 дл врела вода. Оставете нека отстои 10 минути, па процедете.

Напиши коментар