Убавина

Жените кои пијат вино не се здебелуваат !!!

Пијалокот на боговите повеќе не е табу тема… Во чест на Православниот празник Св. Трифун, заштитникот на лозјето, а во служба на убавината, Ви носиме убави вести…Магичниот пијалок- виното…може да биде клучен за вашата линија…

На здравје!!!

Всушност,  американските научници открија дека жените кои консумираат вино во умерени количини,имаат помал ризик од здебелување. После истражувањето кое траело 13 години а во кое учествувале повеќе од 19.000 жени, научниците објавија податоци со кои тврдат дека жените пиејќи вино, не се здебелуваат, што е спротивно на сугестиите на разните диети. Лекарите пак, тврдат дека калориите од виното се користат и трошат на друг начин.

Се смета дека виното, во црниот дроб се разградува создавајќи топлина, не масти. Научникот Lu Wang од Бостон, работела на испитување во кое учествувале 19.220 здрави жени, а 38 % од нив биле жени кои никогаш не пијат. После 13 години било наведено дека всушност, зголемена тежина била забележана кај оние жени кои не пијат алкохол. Било утврдено дека жените кои повремено и умерено консумираат вино, речиси не се здебелуваат. Истражувањето е направено во журналот Internal Medicine, но сепак научниците истакнале дека не можат да потврдат дека постои чиста врска меѓу консумирањето алкохол и дебелината.

Напиши коментар