Најновото истражување спроведено во Англија открива нов тренд во однесувањето на жената. Имено жените вложуваат поголеми напори во изнаоѓање на здрава храна отколку во врската со партнерот.
Исто така 1 од 4 жени би чувствувала поголема грижа на совест доколку утне работа со храната отколку кога би го изневерила партнерот. Ист е и процентот на жени кои признаваат дека здравјето и здравата исхрана е поважен момент од љубовната врска.
Жените нагласуваат дека вложувањето во здраво тело е за 40 проценти побитно отколку зачувување на врската!!!
Истражувачите заклучуваат дека изборот на храна станува нов начин на живот, чие значење станува се популарно кај женската популација.