Убавина

Женските очи во зима изгледаат постаро!

Резултатите  од најновото истражување покажаа дека зимата ги остарува женските очи за четири години и осум месеци.

До ваков заклучок дојде тимот од научници кој проучуваше 5.000 жени во текот на четирите годишни времиња, односно изгледот на нивните очи и кожата која се наоѓа околу нив.

Притоа открија дека и таканаречените кеси под очите односно подочниците се потемни во текот на ладните месеци поради недостигот од сончева светлина. Кожата е бледа па и подочниците се понагласени.

Состојбата додатно ја влошува и вашиот степен на замор во текот на зимата, кој се јавува поради ниското ниво на витаминот D. Споменатиот витамин во телото се создава во текот на изложувањето на сончевите зраци. И најпосле, организмот создава помалку  serotonin – природно средство против депресија и тешкотија.

„ Многу истражувања покажале дека постои поврзаност меѓу темните подочници, подуените очи, уморот, ослабениот имунитет и недостигот од витамините D и K. Жените денес се повеќе загрижени поради подочниците отколку за брчките бидејќи знаат дека знаците на стареењето вешто и полесно ќе ги сокријат отколку неугледните кесиња од под очите“, појаснува dr. Mark Binette, стручњак за стареење на кожата.

Напиши коментар