Германската модна куќа Ескада се вклучи во бурата од есенски кампањи со своите сензуални кадри за следната сезона. Лице на брендот повторно е неодоливата Изелин Стејро. Моделите се сензуални и женствени и создаваат раскошна женска силуета. Од Ескада успеваат да извлечат женствени романтични линии дури и од строгиот официален костим.












