Пред нецел месец, Жерард Батлер за малку ќе настрадаше од огромните морски бранови во Калифорнија, додека снимаше сцена за потребите на филмот „Of Man and Mavericks“.
Откако закрепна, нему не му беше тешко да проговори за тоа што му се случило.
– Бев сосема близу до сериозна повреда или не дај Боже давење. Брановите ме покрија и не можев никако да станам. Ме полазија морници. Можеби мојот беше од неколкуте случаи кога медиумите за чудо не преувеличуваат, – открива Батлер во шоуто на Грам Нортон.
– Брновите беа можеби 4 метри високи и навистина беше ризично да се снима. Сепак, додека ме носеа во болница, јас сакав да се вратам назад и да продолжам со снимање, што беше малку лудо од моја страна.