За летните топли денови потребна ви е добра стратегија во борба против топлината, влажноста и како да го задржите добриот изглед.
Спречете го сјајот на кожата, преминете на полесна хидратантна крема. Не треба да ви се познава масната кожа на сонце, а затоа треба да одберете и правилна пудра и коректор.
Задржете го руменилото на лицето, пробајте гел или крем формула. Фиксирајте ја маскарата и моливот за очи.
Контролирајте ја штетата, ние ви нудиме неколку трикови:
– Користете сепцијални туфери за впивање на маснотиите. Користете ги на оние делови каде лицето е најсјајно.
– Освежувајте го лицето со специјални антибактериски тонери.
– Нанесете тенок слој на транспарентна пудра во прав на Т зоната.
