Art & Crafts

Животни лекции кои не треба да ги осетите на своја кожа

Постојат некои работи во животот кои не можете да ги знаете пред да ги осетите на ваша кожа, меѓутоа некои можете да ги научите и од туѓото искуство, и на тој начин си го олесните животниот пат!!!

Пред Вас се животните лекции кои можете да ги научите без да ги осетите на својата кожа…

1. Секогаш проголтајте ја гордоста и кажете „Извини„. Никогаш немојте да бидете толку горди за да не можете да се извините.

2. Скапоцените работи во животот креираат константен страв од губење. Сакај те ги работите кои можете да си ги дозволите, така ќе бидете посреќни.

3. Успорете !!! Животот е прекраток за да го поминете трчајќи.

4. Целите не се важни колку што Вие мислите. Понекогаш заборавете на нив и уживајте во она што го имате, така никогаш нема да се разочарате.

5. Најважен момент е сегашниот момент, затоа живејте во него. Плановите можат да пропаднат, а минатото никогаш нема да се врати.

6. Немојте да влегувате во долгови. Долговите носат главоболка, трошете помалку од што заработувате.

7. Не се трудете да бидете „cool“, позабавно е да заборавите на тоа и да бидете она што навистина сте… ОРИГИНАЛНИ на свој начин!!!

8. Многу работи во животот ќе Ви недостасуваат. Никој не може да има се!!! Научете да уживате во она што го имате крај себе.

9. Грешките се добар начин на учење. Кога ќе погрешите, исправете ја грешката и продолжете понатака.

10. Неуспесите се составен дел од животот. Никој не успеал а да не згрешил неколку пати.

11. Уживајте во во луѓето, оние вистинските секако. Добриот пријател, убавите насмевки се нешто што ќе Ве направат повеќе од среќни!!!

12. Пријателството не се создава преку ноќ, тоа е долготраен процес.

13. Дестинацијата е само мал дел од патот. Затоа немојте да бидете оптеретени со целите, затоа што нема да гледате каде идете!!!

14. Oслободете се од очекувањата. Наместо да ги идеализирате работите, пробајте да ги доживеете.

15. Давањето е подобро од примањето,  а далеку подобро од очекувањето дека некој нешто ќе ви даде.

16. Натпреварувањето е ретко продуктивно, споредбата уште помалку продуктивна.

17. Благодарноста е најдобар начин да пронајдете задоволство.

18. Соочувањето е поважно од тражење на сопствено искуство.

19. Вие се менувате… Немојте да осудувате или да тврдите дека никогаш нема да направите ТАКА!!!

20. Создавајте. Создавањето е најважната стапка во животот. Секогаш трудете се да направите нешто ново или да го подобрите она што го имате.

21. Наострите ја емпатијата. Луѓето често судат без никакви информации.

На Вас останува да пробате!!!

Напиши коментар