← НАЗАД НА БОЗА

Жолт картон заради сексипил?!

Жолт картон заради сексипил?!
464 Читања

Девојката на германскиот фудбалер Сами Кедире доби жолт картон заради премногу сексипил.

Манекенката Лена Герцке, 24, била замолена од страна на Германската фудбалска асоцијација да ја “спушти топката” што се однесува на сексипилниот стајлинг кога ќе се појави на полуфиналниот меч помеѓу Италија и Германија.

Германскиот таблоид Бунте, пишува дека спортскиот врв на Германија е загрижен заради сексипилната Лена, која ги засени сите останати девојки и жени на фудбалерите во текот на 2012 година.

Останатите убавици почнале да им преговараат на своите посилни половини за тоа, а сето тоа било причина да се создаде раздор помеѓу фудбалерите.

Инаку Лена е победник на изборот “Следниот топ модел”, а сега е во врска со Сами Кедире, за што се зборува дека ќе се венчаат веднаш по првенството.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk