Здраво тело

Жвакањето мастика ја зголемува интелигенцијата

Жвакањето мастика може да ја подобри интелигенцијата за 10 процентни поени, покажа најновото истражување на група научници од универзитетот “Sent Lorens” во Њујорк.

Истражувањето кое е спроведено над 224 студенти, даде неверојатни резултати. Имено на половина од студентите во истражувањето на 5 минути пред испит им било дозволено да џвакаат мастика додека пак другите останале без мастики. По завршување на испитот и објавувањето на резултатите од истиот било воочено дека оние студенти кои џвакале мастика имале подобри резултати на тестот за разлика од оние кои на испит влегле без мастика во устата.

„ Се прашувате зашто е тоа така? Одговорот е едноставен… при џвакањето мастика се прави додатен напор кој ја поттикнува и зголемува циркулацијата на крв кон главата. Тоа пак доведува до поголема функционалност на мозокот, пред се помнењето и запамтеното. Но не претерувајте џвакањето нека трае од 15 до 20 минути, бидејќи по тој временски период уморот од џвакањето мастика вие нема да го осетите но телото и те како го чувствува и ги намалува интелектуалните способности“ –  истакнува  Доктор Luis Vanmergen.

 

Напиши коментар