← НАЗАД НА БОЗА

Зимска маска за лице

Зимска маска за лице
1249 Читања

Во зима е многу важно да посветиме малку повеќе внимание за кожата на лицето, бидејќи зимата е периодот кога грижата и е повеќе од потребна. Кожата во зима ја губи неопходната влажност, а истовремено зимската храна не и ги нуди сите потребни хранливи материи. Точно затоа наша обврска е надворешно да ја подхрануваме кожата со помошта на природни домашно приготвени маски. Еве една многу лесна и ефикасна маска која се препорачува токму за во зима, а ќе и ја врати на кожата изгубената влага и идеално ќе ја подхрани. Потребна ви е една жолчка од јајце на што се додава малку урда и маслиново масло. Сето тоа добро се меша и се нанесува на претходно исчистено лице и се остава да делува 15-20 минути. После тоа маската се измива со млака вода и не се нанесува крем при тоа.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk